|
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОРГАНИЗАЦИИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА ДИСКУТИРАА ЗА СТРАТЕГИИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КРИЗИТЕ |
|
|
|
|
МОТ ЦЕНТАР -
МОТ - Новости - Проекти - Настани
|
|
Вторник, 02 Февруари 2010 22:21 |
|
Како организациите на работодавачите можат да им помогнат на нивните членови – посебно малите и големите претпријатија – да се преземат чекори за ублажување на ударите на постојната економска криза, беше една од клучните теми на состанокот во Загреб оваа есен. Триесет високи претставници на организации на работодавачи од 18 земји од Централна и Источна Европа учествуваа на тридневната работилница за градење на капацитет од 22-24 септември 2009...
Покрај фокусирање на практични чекори за помагање на работодавачите, се искористи и можноста да се подели искуството на политики и иницијативи во други земји кои – со помош на организациите на работодавачи на тие земји – биле успешни во обезбедување на нивните претпријатија и осигурување дека квалификуваните работници нема да се изгубат во економијата.
За да можат организациите да имаат придонес во поопфатни дискусии и дијалози за економските прашања - важни не само во време на криза – состанокот исто така се фокусираше и на макроекономски проблеми за кои преговарачи на сите нивоа мораат да имаат разбирање. На пример: Кои се последиците за претпријатијата ако државниот дефицит се дуплира? Какви се заканите и можностите за претпријатијата ако националната валута девалвира? Какво влијание би имала дефлацијата врз претпријатието? Овие и други проблеми беа покриени со презентации на теми како национално сметководство и платен биланс, составни делови на стратегиите за економски раст и улогата на државата во економијата.
Клучни обраќања имаа висококвалификувани презентери вклучувајќи го др. Зафирис Тзанатос кој од 1992 – 2008 беше висок функционер на Светската банка; др. Емануел Џулиен, заменик директор за социјални, европски и меѓународни работи на организацијата на работодавачи на Франција; др. Марушка Висек од Департманот за макроекономски анализи и политики на институтот за економија во Загреб и г-дин Давид Ламот, директор на Департманот на МОТ за креирање на работа и развој на претпријатија , во Женева.
Работилницата беше организирана од високиот специјалист на МОТ за активности на работодавачите во Централна и Источна Европа во соработка со Хрватското здружение на работодавачи и Јадранскиот регионален центар на работодавачи. Финансиска подддршка за овозможување на широко учество од овој тип беше овозможена од Бирото на МОТ за активности на работодавачите, Австриската агенција за развој преку нејзиниот проект” Консолидација на правните и институционалните основи за социјален дијалог во земјите од Западен Балкан и Молдавија” и Регионалната канцеларија за централна и источна Европа на МОТ во Будимпешта. |