ЕУ-МОТ ПРОЕКТ ГИ ОБУЧУВА ТРГОВСКИТЕ СИНДИКАТИ ЗА ПОЛОВА ЕДНАКВОСТ ВО КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ И ТЕХНИКИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА РАБОТАТА PDF Печати Е-пошта
МОТ ЦЕНТАР - МОТ - Новости - Проекти - Настани
Вторник, 02 Февруари 2010 21:49

ЕУ-МОТ “ Еднаквост на половите во светот на работата” Овој проект започна серија на “обуки на обучувачи” семинари за полова еднаквост во колективните договори и техники за евалуација за претставниците на работниците во Lyutizh на 5 октомври 2009....

Работилниците за обуки “Преговарање за подобри работни и животни услови: Полова ориентација во колективните договори (5-7 Октомври, 2009) и “ Од забрана на дискриминација до промовирање на еднаквост: Еднакви плати” (7-9 Октомври, 2009) се стремат кон обука на обучувачи помеѓу лидерите на синдикатите и активисти, со цел да извршат обуки кои се деликатни во однос на полот, внатре во структурата на синдикатот како и да се обрне внимание на половата еднаквост во рамките на колективните договори.

Целни групи на работилниците се конфедерациите на трговските синдикати, како: Конфедерација на слободните трговки синдикати на Украина, Федерација на трговски синдикати на Украина, и Се -Украинско Здружение на работничка солидарност.

Со помош на искусен интернационален обучувач, учесниците учат низ процес на партиципативна обука како да ја насочат половата тенденција во колективните договори, да промовираат полова еднаквост на работа и да вршат евалуација на работата земајќи го во предвид и полот. На среден и долг рок јазот помеѓу платите на мажите и жените ќе биде намален.

Во согласност со евалуацијата извршена од учесниците, новото знаење  и вештини ке бидат распространети од страна на учесниците низ нивните организации преку понатамошни обуки, состаноци и работилници користејќи ги материјалите за обука развиени за оваа обука на обучувачи.

Следната рунда на обуки на оваа тема беше извршена од 16-20 Ноември 2009. На работилниците за обука на обучувачи може да се гледа како на клучна компонента на ЕУ-МОТ проектот, кој е насочен кон овозможување, клучните државни тела и социјалните партнери да промовираат полова еднаквост и зголемување на моќта на жените во работниот свет преку развој, имплементирање и набљудување на политиките и програмите на вработување кои се осетливи на полот. Проектот применува активности за подигнување на свесноста, комуницира информации, и го поддржува развојот и имплементирањето на локално прифатени алатки и пилот интервенции.

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk