РАБОТНИК ПАДНАЛ ОД БУЛДОЖЕР, ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛ PDF Печати Е-пошта
НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА - Прес
Вторник, 02 Февруари 2010 19:34

Градежен работник е тешко повреден вчера при пад од булдожер. Велешанецот Р.С. роден 1953 година бил хоспитализиран во Градска болница, каде лекарите констатирале скршеница на зглоб.

Несреќата  се случила на булеварот Србија, каде градежното претпријатие “Маврово-монт“ се изведува градежни работи. Р.С. додека ракувал со булдужер гасеничар, се качил на машината, а потоа се лизнал и паднал. Паѓајќи, при обид да се задржи, се фатил за рачката за менувачот на булдужерот, го ставил во движење, по што булдужерот со гасеницата му ја зафатил левата нога во пределот на глуждот, јавуваат од МВР.

Веста е превземена од Нетпрес.

Овој прилог е проследен во Државниот трудов инспекторат и за истиот очекуваме потврда, мислење во рок од 7 работни дена.
 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk