Шумски полицаец е повреден завчера попладне во атарот на штипското село Караорман, соопштува полицијата.
Според портпаролот на СВР Штип, Снежана Санева, припадникот на шумската полиција забележал шест лица како со запрежни коли превезувале поголеми трупци дабови дрва.
- При обидот да ги запре и легитимира, петтемина побегнале, а полицаецот успеал да фати еден од дрвокрадците, но наместо да ја добие личната карта дрвокрадецот извадил секира и замавнувајќи кон полицаецот, му нанел расекотини на дланката, а потоа избегал, рече Санева.
На повредениот полицаец веднаш му е укажана лекарска помош, а сторителот е идентификуван од полицијата.
Веста е превземена од Вечер.
Овој прилог е проследен во Државниот трудов инспекторат и за истиот очекуваме потврда, мислење во рок од 7 работни дена.
МЗЗПР - Најава
МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА
ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија поштенска адреса: поштенски фах 908 tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868