ВОЗАЧ ЗАГИНАЛ ПРИ ПРЕВРТУВАЊЕ НА ТРАКТОР PDF Печати Е-пошта
НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА - Прес
Вторник, 12 Јануари 2010 12:37

Жител на Богданци загина вчера кога неговиот трактор натоварен со дрва се превртел во атарот на селото Црничани, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, несреќата се случила околу 11,30 часот во атарот на селото Црничани, Гевгелиско. Четириесет и деветгодишниот Душко Ташуров се враќал со тракторот полн со дрва кон Богданци, кога возилото се превртело на патот.

Возачот останал заробен под тракторот и дрвата, по што поради сериозните повреди починал на самото место на несреќата.

Веста е превземена од Нетпрес.

Овој прилог е проследен во Државниот трудов инспекторат и за истиот очекуваме потврда, мислење во рок од 7 работни дена.
 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk