ПОЧИНА РАБОТНИК ПО УДАР ОД МЕТАЛНА ПРАЧКА PDF Печати Е-пошта
НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА - Прес
Вторник, 12 Јануари 2010 01:27

Прилепчанецот Добре Николоски (61) завчера им подлегнал на повредите здобиени по ударот од метална прачка која била зафатена од автобус кој се движел во центарот на Прилеп. Во несреќниот настан полесни повреди биле уште двајца негови колеги кои, по укажаната лекарска помош, биле пуштени на домашно лекување.

Несреќниот настан се случил во четвртокот утрото, околу 5.40 часот, кога работниците, со намера да не се создаде хаос во сообраќајот на возилата, но и за нормално и безбедно движење на пешаците, металната конструкција одлучиле да ја растоварат утрото, но тогаш, од засега сe уште неутврдени причини, автобусот кој поминувал покрај нив ја зафатил прачката, при што биле повредени работниците.

Најмногу настрадал Николоски, кој со сериозни повреди на главата и на градниот кош и со обилно крвавење бил пренесен во Прилепската болница, од каде што, по интервенцијата и неопходната реанимација, поради сериозноста на повредите, бил префрлен на натамошно лекување во Скопските клиника каде што и починал. (В.То)

Веста е превземена од Вест.

Овој прилог е проследен во Државниот трудов инспекторат и за истиот очекуваме потврда,
 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk