ПАДНАЛА ВО РЕКА ДОДЕКА ЈА НАВОДНУВАЛА БАВЧАТА И СЕ УДАВИЛА PDF Печати Е-пошта
НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА - Прес
Вторник, 12 Јануари 2010 01:09

Телото било носено од водата и по извесно време рибари што ловеле риба на 15-ина метри подолу виделе тело заглавено меѓу гранките. Тие повикале полиција и брза помош

Милица Зафирова (67) од населбата Баби во Штип завчера во попладневните часови се лизнала во реката Брегалница и се удавила. Милица полнела кофи со вода од реката и ја наводнувала бавчата, која се наоѓала веднаш до коритото на Брегалница. Била сама и никој не ја забележал. Телото било носено од водата и по извесно време рибари што ловеле риба на 15-ина метри подолу виделе тело заглавено меѓу гранките. Тие повикале полиција и брза помош.

"Утврдивме дека жената умрела од давење, и тоа пред неколку часа. Како се удавила, не можам да кажам, но немаше траги на насилство. Можеби претходно добила мозочен удар, па паднала во реката, бидејќи жената, според кажувањата на роднините, лани имала мал мозочен напад", вели доктор Маријан Ангелов, началник на Брзата помош во Штип. (Ј.Т.)

Веста е превземена од Вест.

Овој прилог е проследен во Државниот трудов инспекторат и за истиот очекуваме потврда, мислење во рок од 7 работни дена.
 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk