ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Придобивки и предизвици од спроведување на ЕУ стандарди за ЗПР”
НОВОСТИ -
МЗЗПР
Вторник, 29 Декември 2009 00:00
ИНФОРМАЦИЈА
ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Придобивки и предизвици од спроведување на ЕУ стандарди за ЗПР”
Во организација на МЗЗПР на 21.12.2009 год. во хотел Континентал, Скопје се одржа тркалезна маса на тема “Придобивки и предизвици од спроведување на ЕУ стандарди за ЗПР”
Учесници на Тркалезната маса беа членовите на МЗЗПР, социјални партнери и представници од ДТИ.
Презентери и теми на оваа Тркалезна маса беа:
Презентер од МЗЗПР, Г-ѓа Наташа Пилатова Пеловиќ - Позитивни резултати од применети мерки за подобрување на работните услови во текстилни фабрики во РМ.
Презентер од МТСП ,Д-р Агим Шаќири– Реформи во трудовата инспекција (организација, начин и поле на делување, управна постапка).
Презентер од МТСП – Г-ѓа Грозданка Тилева - Изјава за безбедност (начин на изработка и форма на изјава за безбедност, информирање на работниците за изјавата за безбедност, рокови на изработка по лиценцирање на фирми кои би ги давала трудовата инспекција, измени и дополнување на Изјавата за безбедност, утврдување на сеопфатност на ризиците во изјавата за безбедност на работно место од страна на трудовата инспекција(дали ќе се врши или не од нивна страна и сл.).