ТРКАЛЕЗНА МАСА: “ Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во текстилната индустрија”
НОВОСТИ -
МЗЗПР
Вторник, 29 Декември 2009 00:00
ИНФОРМАЦИЈА
ТРКАЛЕЗНА МАСА: “ Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во текстилната индустрија”
Во организација на МЗЗПР на 17.12.2009 год. во хотел Континентал, Скопје се одржа тркалезна маса на “ Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во текстилната индустрија”
Учесници на Тркалезната маса беа 10 текстилни фабрики кои се дел од Проектот “Воведување и зајакнување на европските стандарди за заштита при работа во текстилната индустрија”, социјални партнери и други експерти вклучени во активностите на оваа тема.
Презентери и теми на оваа Тркалезна маса беа:
Воведен збор - Г-дин Милан Петковски - Претседател на МЗЗПР
Г-дин Марко Бислимовски – Студија за потрошувачка на електрична енергија на текстилни фабрики и можности за намалување на трошоци за електрична енергија, преку инвестирање во обновливи извори и енергетска ефикасност.
Проф. Д-р.Марко Серафимовски – Искористување на обновливи извори на енергија како работен енергенс.
Претставници на три текстилни фабрики од проект „Воведување и зајакнување на ЕУ стандардите за заштита при работа во текстилна индустрија„ – спроведен од МЗЗПР (Тетекс, Стевик, Примавера) – Позитивни примери на економска исплатливост од инвестирање во подобрување на безбедноста и здравјето при работа во работната средина.
Г-дин Свето Василески претставник на МЖСПП – Влијанието на работната средина врз загадувањето на животната средина
Г-ѓа Валентина Старделова претставник на Министерство за економија – Можност за искористување на фондови за енергетска ефикасност, субвенции и законска легислатива.
МЗЗПР – Снежана Ј.Петковска – Позитивен пример на искористување на соларна енергија за добивање на санитарна топла вода.
Општата цел на тркалезната маса е подобрување на енергетската ефикасност и намалување на производствените трошоци во текстилните фабрики како и подигнување на свеста за значењето од искористувањето на обновливите извори на енергија како работен енергенс.