ПРОЕКТ: ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ
НОВОСТИ -
МЗЗПР
Среда, 23 Декември 2009 16:01
ИНФОРМАЦИЈА
ПРОЕКТ: „Подобрување на ефективноста на инспекцијата на трудот“
Претставници на МЗЗПР од 05 до 09 Октомври 2009 година во хотел Стонбриџ, Скопје присуствуваа на обука на тема „Подобрување на ефективноста на инспекцијата на трудот“ во рамки на Договорот за соработка меѓу Норвешка и МОТ за 2008-09 година, кој меѓу другите земји ја вклучува и Македонија.
Учесници на Проектот беа 32 инспектори, социјални партнери и други експерти вклучени во активностите поврзани со безбедност и здравје при работа и процена на ризик. Презентери на обуката беа Г-дин. Феликс МАРТИН и Г-дин Џеф ХОРНБИ.
Општата цел на обуката е зајакнување на капацитетот на Инспекторатот за труд на Македонија и социјалните партнери за спроведување и развој на практиките за процена на ризикот во претпријатијата. По завршувањето на оваа обука, учесниците можат:
да ги опишат принципите и основите на МОТ за безбедност и здравје при работа.
да ги утврдат улогите на инспекторите и социјалните партнери за процена на ризикот.
да го проценат нивото на ризик на работното место и да донесат одлуки за контролните мерки што треба да се донесат.
да ги опишат најважните опасности во врска со работата на височина, безбедноста при работа со машинерија и хемиската безбедност и најфреквентните донесени превентивни и заштитни мерки.
да ја објаснат методологијата и чекорите за спроведување основна процена на ризикот во претпријатие
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Концепти и принципи за безбедност и здравје при работа.
Улогата на Инспекторатот за труд при процена на ризикот.
Управување со ризикот.
Утврдување на опасности.
Процена на ризикот: Методологии.
Контрола на опасностите и превентивни мерки.
Опасности при работа со машинерија. Процена на ризик, превентивни и заштитни мерки.
Работа на височина. Процена на ризик, превентивни и заштитни мерки.
Хемиска безбедност. Процена на ризик, превентивни и заштитни мерки.
СЕРТИФИКАТИ
На сите учесници што ги задоволија барањата за учество (присуство на најмалку 90% од обуката) им се доделија сертификати за обука од Меѓународниот центар за обука на МОТ.
На сите учесници кои го положија завршниот испит им се додели диплома за обуката од Институтот за безбедност и здравје при работа.