|
Во периодот од 3 до 6 ноември 2009, претставници на Македонското здружение за заштита при работа, го посетија традиционалниот саем за заштита при работа А+А, кој се одржува во Дизелдорф, Германија, еднаш на секои две години. Паралелно со саемските изложби и настани, во Конгресниот центар кој е дел од саемскиот простор, се оддржа и 4 дневна конференција на МОТ (Меѓународната огранизација на трудот) на тема “Имплементирање на стандардите за заштита при работа на глобално ниво„ како и 4 дневен Конгрес за заштита при работа.
Саемскиот простор кој се состоеше од 9 хали, опфаќаше огромен број на презентери од целиот свет, со широк спектар на производи од полето на заштита при работа, но сепак најзастапени беа производителите на лична заштита опрема. За времетраење на саемот, се оддржуваа бројни предавања и презентации, а особено се истакнаа презентациите на опрема за безбедна работа на висина како и противпожарната заштита – за чии презентации беше одвоена и посебна хала.
Конференцијата на МОТ, обедини претставници од ограноците на МОТ, но и партнерите од целиот свет, а оваа година посебен акцент се стави на улогата пред се на трудовите инспекторати но и социјалните партнери при имплементирање на стандарди за заштита при работа на глобално ниво.
Претставниците на МЗЗПР, зедоа и активно учество на состаноците на мрежите: ENETOSH (Европска мрежа за образование и обука за заштита при работа, чиј член е МЗЗПР) и ENSHPO (Европска мрежа на професионални организации за заштита при работа).
Повеќе информации за саемот и меѓународниот Конгрес, може да најдете на следниов линк: www.AplusA-online.de
Повеќе детали за МОТ Конференцијата на: www.ilosafetyconference2009.org
МЗЗПР


|