Благодариме Норвешка - Takk Norge

На 21.10.2009 година во хотел „Александар Палас“ во Скопје се одржа завршната конференција од проектот „Воведување и зајакнување на европските стандарди за заштита при работа во текстилната индустрија“.

Поздравен говор до присутните одржаа Г-дин Уно Абрахамсен - претставник на Норвешкото Министерство за труд и социјални работи, Г-дин Драган Тилев – Државен советник во СЕП и Г-дин Милан Петковски - Претседател на Македонското здружение за заштита при работа.

На конференцијата, покрај претставувањето на резултатите од проектните активности (финансирани од страна на Министерството за Надворешни работи на Норвешка преку Секретаријатот за Европски Прашања на Владата на Република Македонија), свое обраќање имаа и претставниците на сите вклучени страни во реализацијата на проектот како и претставници од самите фабрики како крајни корисници на придобивките од проектните активности.

Воедно, за прв пат беше претставено знамето преку кое што вработените во текстилнте фабрики вклучени во проектот ја изразија својата благодарност до Норвешкиот народ за помошта за подобрување на условите за работа.

МЗЗПР

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk