МЗЗПР ГИ ДОБИ АВТОРСКИТЕ ПРАВА ЗА ПРЕВОД НА ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА НА МОТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК PDF Печати Е-пошта
НОВОСТИ - МЗЗПР
Вторник, 27 Октомври 2009 18:28

МЗЗПР ги доби авторските права за превод на Енциклопедијата на МОТ на македонски јазикНа 23 октомври 2009 година во седиштето на МОТ во Женева официјално беше потврдено доделувањето на авторските права на МЗЗПР за превод на Енциклопедијата на МОТ на македонски јазик.

Со ова се потврди ангажманот на МЗЗПР околу реализацијата на овој мошне значаен проект со што во голема мера ќе се поедностави пристапот до информации од областа на заштитата при работа за сите заинтересирани страни.

Но тука работата не е завршена. Допрва претстојат обврските околу преведување, лекторирање и објавување на Енциклопедијата.

МЗЗПР останува отворено како и секогаш и ги повикува сите заинтересирани страни кои што на било кој начин можат да помогнат во реализацијата на овој голем зафат, да не контактираат во канцеларијата.

 
МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk