МЗЗПР НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 50 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ НА ILO/CIS ЦЕНТРИ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ PDF Печати Е-пошта
МОТ ЦЕНТАР - МОТ - Новости - Проекти - Настани
Понеделник, 26 Октомври 2009 17:53

На 22 и 23 октомври во седиштето на MOT во Женева се одржа годишниот состанок на ILO/CIS центрите за информации од целиот свет. Воедно, одбележано беше и 50 годишното постоење на ILO/CIS центрите за информирање. Посебен осврт беше даден на податокот дека пред 50 години ILO/CIS центрите за информирање беа оформени од 11 членки, додека сега тој број е зголемен на повеќе од 150 членки. На овој состанок имаше претставници од 50-тина земји меѓу кои и претставник од Македонија.

Состанокот беше поздравен од страна на Г-дин Gabor Sandi, координатор на CIS центрите за информации. Официјалното отварање на состанокот му беше доделено на Г-дин Assane Diop, Извршен директор на Програмата за социјална заштита во МОТ. На отварањето на состанокот свое обраќање имаше и Г-ѓа Sameera Al-Tuwaijri, директор на SafeWork програмата на МОТ.

Од страна на вработените во ILO/CIS седиштето во Женева беа презентирани активностите реализирани во текот на изминатата година, како и плановите за понатамошни активности.

Во понатамошниот дел од состанокот беа презентирани активностите на CIS центрите за информации од 25 земји. Интересниот дел од презентациите е да се види што работат останатите CIS центри и како се справуваат со секојдневните предизвици. Своја презентација на состанокот имаше и претставникот од Македонското здружение за заштита при работа, Љупчо Кочовски.

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk