Прирачник за воспитувачи и родители “ДЕЦАТА И ПРИРОДАТА“ PDF Печати Е-пошта

На 03. Јуни 2009 година во просториите на градинката “Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје се одржа промоција на Прирачникот за воспитувачи и родители “ДЕЦАТА И ПРИРОДАТА“. Во Прирачникот се обработени најголемите животни и морални вредности Љубов, Вистина, Ненасилство, Мир и Добро однесување во еколошкото воспитување на децата во предучилишна возраст.

На Промоцијата на Прирачникот поздравен збор имаа директорката на градинката Злата Николиќ, воспитувач Викторија Маџаровска, раководител на проект Снежана Јанкова – Петковска – МЗЗПР и  Проф. Д-р Марко Серафимов – Машински факултет.

Автори на прирачникот се воспитниот тим на градинката, како и Проф. Д-р Кирил Темков.

Издавањето на прирачникот е поттикнато од реализацијата на Проектот за искористување на сончевата енергија преку инсталирање на соларни колектори во градинката, имплементиран од страна на Македонското здружение за заштита при работа.

Проектот е спроведен преку програмата SECTOR на Регионалниот ценатр за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа. Оваа Програма ја финансира Шведската Агенција за меѓународен развој и соработка -  SIDA.

Партнери во реализацијата на проектот беа Градинката Раде Јовчевски – Корчагин и општина Центар.

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk