Ве известуваме дека Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува оглас за ангажирање на волонтери / практиканти во склоп на проектните активности на МЗЗПР.
Кандидатите треба да имаат одлично познавање на англиски јазик, добро познавање на работа со компјутер и технички предзнаења од областа на заштита при работа.
Македонското здружение за заштита при работа Ви нуди одлична можност да се стекнете со работно искуство во една професионална организација, работа на меѓународни проекти, соработка со бројни владини и невладини организации од земјава и Европа, организирање на разни семинари, конференции итн.
Сите заинтересирани можат да достават писмо за интерес и кратко СV на следнава адреса:
Македонско здружение за заштита при работа П. Фах 908, 1000 Скопје или на следната електронска пошта:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it