28 април – Светски ден за безбедност и здравје при работа PDF Печати Е-пошта

Македонското здружение за заштита при работа го одбележа 28 април – Светскиот ден за заштита при работа. На централниот настан одржан во х. Континентал во Скопје присуствуваа повеќе од 50 луѓе, претставници на владини институции, социјални партнери и членови на здружението.

28April_short_01

(прв ред, од лево кон десно: Г-ѓа Грозданка Тилева - Државен инспекторат за труд, Г-дин Горан Јовановски – Директор на Државен инспекторат за труд, Г-дин Агим Шаќири – Државен инспекторат за труд, Г-дин Марко Солдиќ, Норвешка Амбасада, Г-дин Милан Петковски – Претседател на Македонско здружение за заштита при работа, Г-дин Ванчо Муратовски – Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија, Г-дин Димитар Стојановски – Претседател на Органиација на работодавачи на Македонија, Г-дин Миле Бошков – Претседател на Конфедерација на работодавачи на Македонија).

На присутните им беше презентиран краток материјал по повод 90-годишнинтата од формирањето на Меѓународната Организација на Трудот (МОТ) и 50-годишнината од формирањето на мрежата на ILO/CIS центрите. По претставувањето на работата на ILO/CIS колаборативниот центар при Македонското здружение за заштита при работа, следеше централниот настан на денот, односно потпишување на Меморандуми за соработка со ILO/CIS колаборативниот центар помеѓу Сојузот на синдикати на Македонија, Организацијата на работодавачи на Македонија, Конфедерацијата на работодавачи на Македонија и Македонското здружение за заштита при работа.

28April_short_02

(од лево кон десно: Г-дин Миле Бошков – Претседател на Конфедерација на работодавачи на Македонија, Г-дин Димитар Стојановски – Претседател на Органиација на работодавачи на Македонија, Г-дин Ванчо Муратовски – Претседател на Сојуз на синдикати на Македонија, Г-дин Милан Петковски – Претседател на Македонско здружение за заштита при работа)

Потписниците на меморандумите имаа свое обраќање до присутните во кое ја истакнаа важноста од разменување на информации од областа на Безбедноста и здравјето воедно потенцирајќи дека соработката со Македонското здружение за заштита при работа е од посебен интерес и истата треба да зајакне во наредниот период.

За крај, на присутните им беше презентиран Годишниот извештај за 2008-ма за несреќи при работа што Македонското здружение за заштита при работа го изготвува врз основа добиените информации од страна на медиумите во Република Македонија. Воедно, беа претставени и резултатите и заклучоците од тркалезната маса на тема „Начини на евидентирање на несреќи при работа во Република Македонија„.

Посебна благодарност до Фондацијата Фридрих Еберт за нивната финансиска поддршка за организирање на настанот.

MOSHA

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk