Спроведени и реализирани проекти на МЗЗПР PDF Печати Е-пошта

ПРОЕКТ

Градење на капацитети за БЗР


  • Имплементатор на проект
    Македонско здружение за заштита при работа - МЗЗПР
  • Главен корисник:
    Министерство за труд и социјална политка, државен трудов инспекторат
  • Основна цел:
    Ефикасно и одржливо спроведување на регулативите на ЕУ за заштита при работа преку зголемување на капацитетите на релевантните државни институции и воспоставување на Менаџмет систем за ЗПР
  • Краток опис на проектот:
    Проектот користи практични модели,наоди и заклучоци од проектот Зајакнување на ЕУ стандарди во текстилната индустрија, и релевантни студии на МОТ и Светската банка во оваа област.

    Овој проект ќе се фокусира на три специфични цели насочени кон:

    • Изградба на капацитетот на Државниот Трудов Инспекторат
    • Воведување на Менаџмент Систем за ЗПР
    • Подобрување на комуникацијата и размената на информации помеѓу заинтересираните страни од областа на ЗПР, намалување на ризиците кои се однесуваат на животот и здравјето на работниците, и намалување на бројот на повреди на работното место.

    Проектот ќе биде имплементиран во партнерство со Норвешкиот Трудов Инспекторат.

  • Траење на проектот:
    12 месеци

ОГЛАС ЗА КОНСУЛТАНТИ

Ве известуваме дека Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува оглас за ангажирање на консултанти во склоп на проектот “Градење капацитети за БЗР“.

Кандидатите треба да имаат познавање од областа на регулативата за БЗР во Македонија, како и искуство со изготвување на студии и истражувања поврзани со применување на меѓународни стандарди во Македонија.

Сите заинтересирани можат да достават писмо за интерес и кратко СV на следнава адреса:

Македонско здружение за заштита при работа
П. Фах 908, 1000 Скопје, Р. Македонија
или на следната електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ПРОЕКТ

Подигнување на капацитетот на членовите на МЗЗПР преку обука за проценка на ризик на работно место


  • Партнери во проектот:
    Ергономика, Хрватска и Фондација Фридрих Еберт
  • Период на спроведување:
    2009
  • Целна група:
    Членови на МЗЗПР, стручни лица по ЗПР
  • Опис на активноста:
    Македонското здружение за заштита при работа организираше тридневна обука на тема: Подигнување на капацитетот на членовите на МЗЗПР преку обука за проценка на ризик на работно место. Обуката беше реализирана преку претставување на една од најприфатените методологии за изработка на проценка на ризик во ЕУ – BG методологијата. Земјаќи впредвид дека концептот за проценка на ризик и донесените законски одредби се нови во Македонија, МЗЗПР го искористи Хрватското искуство, поканувајќи двајца истакнати експерти од Хрватска, да ја презентираат методологијата.

    Со цел, доследна покриеност на оваа проблематика, МЗЗПР покани и презентери од Државниот инспекторат на трудот, Републички завод за здравствена заштита, Институт на медицина на трудот и МЗЗПР. Дополнително, учесниците на обуката имаа можност да го споведат наученото во пракса, преку посета на три работни места во една фабрика (Технички гасови, Скопје) во текот на вториот ден од обуката а веќе на третиот ден – да изработат проценка на ризикот на тие работни места.

    По завршување на обуката, на учесниците им беа доделени Сертификати за учество на обука за проценка на ризик на работно место.
  • Постигнат резултат:
    Обучени 35 членови на МЗЗПР во изготвување на проценка на ризик по BG методологијата.

ПРОЕКТ

Методи на евидентирање на несреќи при работа и професионални заболувања во РМ


  • Партнери во проектот:
    Фондација Фридрих Еберт, социјалните партнери
  • Период на спроведување:
    2009
  • Целна група:
    Министерство за труд и социјална политика, Републички завод за здравствена заштита, Институт за медицина на трудот, Државен завод за статистика, сојуз на сидикати, организации на работодавачи, стручни лица по ЗПР
  • Опис на активноста:
    Македонското здружение за заштита при работа го реализираше овој проект најповеќе од потребата да постигне напредок кон унифицирано евидентирање на несреќите при работа и добивање на релевантни статистички податоци кои ќе соодејствуваат со статистичките податоци од ЕУ земјите.

    МЗЗПР организирање дводневен настан на оваа тема: „Методи на евидентирање на несреќите при работа во РМ – нови предизвици„. Целтта на тркалезната маса што се организирање во Април 2009 во хотел Континентал беше да се презентира Европската методологија за евидентирање на несреќи при работа (ЕСНР), македонското искуство и презентација на моменталната состојба на сите засегнати институции како и идни чекори. На истата, свои учество и презентации имаа претставници од МЗЗПР, Министерство за труд и социјална политика, Републички завод за здравствена заштита, Институт за медицина на трудот, Државен завод за статистика, Сојуз на синдикатите на Македонија, организации на работодавачи, стручни лица по ЗПР. Заклучоците беа презентирани на 28 април – Светскиот ден за заштита при работа.
  • Постигнат резултат:
    Утврдување на недостатоците на сегашната пракса при пријавување и обработка на податоците за повредите при работа во РМ;

    Презентирање на прифатената методологија за евидентирање на повреди при работа во ЕУ – ЕСНР методологијата;

    Постигнување на договор/иницирање на процес за подготовка на поголем проект за усогласување на методологијата за евидентирање на повреди при работа во РМ од страна на сите релевантни институции.

ПРОЕКТ

Искористување на сончевата енергија преку инсталирање на соларни панели во градинка


  • Партнери во проектот:
    Канцеларија на РЕЦ во Македонија, Општина Центар
  • Период на спроведување:
    1 година (2008)
  • Целна група:
    вработените во градинката, општината под која припаѓа градинката, корисниците на градинката (децата)
  • Опис на активноста:
    Поставување на соларни панели во градинката Раде Јовчевски Корчагин преку искористување на сончевата енергија со цел да се ублажи ефектот на глобалното затоплување како и да се изврши енергетската заштеда.
  • Постигнат резултат:
    Подигнување на свеста кај целната група за значењето од заштедата на енергијата како и намалување на потрошувачката на електрична енергија.
Во рамките на реализација на Проектот:“Искористување на сончевата енергија преку инсталирање на сончеви колектори во градинката Раде Јовчевски – Корчагин“, во организација на Македонско здружение за заштита при работа, на 29 Декември 2009 година, во просториите на градинката, проф.Марко Серафимов од Машинскиот факултет од Скопје, одржа предавање на тема: “Зголемување на енергетската ефикасност на објектите“ пред вработениот персонал на градинката.
Притоа присутните беа запознати со:
  • Тоа што значи зголемување на енергетската ефикасност;
  • Колкава е потрошувачката на енергија во објектите;
  • Директивите за енергетска ефикасност, временските термини за примена на новата директива за енергетски перформанси на објектите (EPBD, 2002/91/EC) и главни поединости на истата;
  • Структурата на потрошувачка на енергија во станбените објекти;
  • Структурата на потрошувачка на енергија во не станбените објекти;
  • Потребата од прифаќање на заедничка методологија – при што секоја земја ќе применува методологија за пресметка на енергетските карактеристики на национално или регионално ниво врз основа на општите принципи, земајќи ги предвид стандардите и нормативите кои се применуваат во националната регулатива;
  • Утврдувањето на минимални барања за енергетските карактеристики;
  • Сертификатот за енергетски карактеристики кој треба да го поседуваат објектите кои се градат, продаваат или издаваат под закуп согласно член 7 од Директивата;
  • Инспекција на котлите и системите за климатизација;
  • Состојбата во Република Македонија во ова подрачје;
  • Правилниците во РМ – Правилникот за означување на енергетската ефикасност на уредите за домаќинствата (“Сл.весник на РМ“, бр.85/2007) со кој се дефинираат барањата и условите кои се однесуваат на означување на уредите за домаќинствата и Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти (“Сл.весник на РМ“, бр.143/2007) со кој се пропишуваат мерките чија цел е подобрување на енергетските карактеристики на градежните објекти, земајќи ги предвид надворешните климатски и локални услови, како и внатрешните климатски барања и економичноста, преку намалена потрошувачка на енергија и емисија на СО2. И двата Правилника се предвидува да се применуваат од 01.01.2010 година;

ПРОЕКТ

Обуки на претставници на работниците за ЗПР


МЗЗПР во соработка со ССМ – СГИП поддржани од фондацијата Фридрих Ебхерт го реализираа проектот “Обуки на претставници на работниците за ЗПР” во 2008 год.

  • Обучени 24 претставници на работниците за ЗПР во Градежната индустија

ПРОЕКТ

Воведување и зајакнување на Европските стандарди за заштита при работа во текстилната индустија


  • Партнери во проектот:
    Секретаријатот за Европски прашања при Владата на Република Македонија, Министерство за Труд и Социјална Политика
  • Период на спроведување:
    4 години (2005 год.– 2009 год.)
  • Целна група:
    Вработените во текстилната индустрија
  • Опис на активноста:
    Подобрување на работните услови преку воведување на ЕУ стандарди за заштита при работа во текстилните фабрики и тоа:
    • Во I фаза на проектот опфатени се 10 текстилни фабрики, од источниот регион и тоа од градовите Кочани (Делтатекс,Амортекс,Данитекс),Штип(Беас-С, Максима), Виница (Апитекс), Делчево (Крзно-О), Каменица (Текстил-М), Пробиштип (Примавера) и Злетово (Зрно-О).
    • Во II фаза на проектот опфатени се 9 текстилни фабрики, од Централниот регион и тоа од Скопје (Окитекс, Актуел, Нипромтекс, Игматекс и Етерна), од Велес (Сомивелтекс), Кратово (Мадерпотекс),Тетово (Тетекс), Гостивар (Декон).
    • Во IIIа фаза на проектот опфатени се 4 фабрики од Западниот регион и тоа од Прилеп (Мартекс), од Ресен (Хатекс, Стењетекс), од Кавадарци (Стевик)
    • Во IIIб фаза на проектот опфатени се 4 фабрики од Западниот регион и тоа од Прилеп (Кули, Конфиангел, Ираклис), од Битола-с.Цапари (Фалко)
  • Постигнат резултат:
    Опфатени 27 текстилни фабрики, 80 едуцирани претставници за заштита при работа, формирани и едуцирани 29 тима за заштита при работа, спроведена посебна обука за заштита при работа на 29 претставници на работниците за заштита при работа, пренесени позитивни ставови и искуства преку тимовите на приближно 5000 вработени во 27 текстилни фабрики, подобрување на условите за работа преку поставување на системи за климатизација и вентилација во вкупно 23 фабрики, замена на азбестна кровна конструкција во две фабрики,поставување на соодветно осветлување во две фабрики, поставување на систем за дојава на пожар во една фабрика, опремување со опрема за гаснење на пожар во една фабрика, обезбедување на лични заштитни средстав, 600 нови вработувања , намалена температурата во фабриките од 35 степени на 28 степени во просек, зголемување на продуктивноста од 20% до 30%.

ПРОЕКТ

Усогласеност на директивите 391 и 654 со Македонските законски прописи


МЗЗПР во соработка со Секторот за Европски прашања Владата на Република Македонија го реализираше проектот – “Усогласеност на директивите 391 и 654 со Македонските законски прописи“ во 2003 год.

 

МЗЗПР - Најава

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk