МОТ (ILO/CIS) ЦЕНТАР PDF Печати Е-пошта
CIS_logo ILO_logo
ilo_global_jobs_pact_mk
ilo_at_glance_mk

МОТ БЕЗБЕДНА РАБОТА има нов директор

Честитки до Сеији Мачида за неговото назначување за Директор на МОТ Безбедна Работа од 1 февруари 2010 година.

Лични податоци

  1. Име: Сеији Мачида
  2. Националност: Јапонец
  3. Образование: Магистер по инженерство (Хемиски инженеринг), Универзитетот во Кјото, Јапонија
  4. Работно искуство:

    • Февруари 2010: Директор, Безбедна работа, МОТ Женева;
    • 2001-2009: Координатор, Систем за управување со заштита при работа, Безбедна работа, МОТ Женева;
    • 1999- 2001: Постар експерт за заштита при работа, Безбедна работа , МОТ Женева;
    • 1993-1999: Постар експерт за заштита при работа , МОТ Банкок;
    • 1989-1993: Инженер за хемиска безбедност, сектор за заштита при работа, МОТ Женева;
    • 1979-1989: Технички службеник, Оддел за заштита при работа, Министерство за труд, Јапонија.

  5. Поголем дел од неговата работа се однесува на МОТ (Трудови, публикации и учества на конференции и работилници):

    • Развој на Конвенцијата бр. 174 која се однесува на спречување на поголемиот дел на индустриски несреќи, Протоколот од 2002 за Конвенцијата за заштита при работа, Препорака за професионални болести бр.194, Промотивна рамка за Конвенцијата бр 187 и Препораката бр.197;
    • Развој и Имплементирање на Упатствата за заштита при работа (МОТ-ЗПР 2001), Код на практика за спречување на поголемиот дел на индустриски несреќи (1991), Код на практики за безбедна употреба со хемикалии (1993);
    • Мисии за техничко советување во Бангладеш, Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Јордан, Лаос, Малезија, Непал, Монголија, Пакистан, Папуа Нова Гвинеја, Филипини, Тајланд и Виетнам;
    • Презентирање на трудови на Светските конгреси за заштита при работа оддржани во 1996, 1999, 2005, 2008 година;
    • Мисии за техничко советување во Кина како поддршка за подготвување на национален профил за заштита при работа (2001-2004);
    • Организирање на голем број на национални и регионални работилници за заштита при работа во Азија (1993-1999).

Што е Меѓународен информативен центар за заштита при работа (ILO/CIS)?

en-ilo-report-1CIS е продолжена рака на системот за управување со знаење при Програмата за безбедност и здравје при работа (Безбедна работа) во Меѓународната организација на трудот (МОТ). Негова цел е да им овозможи на работниците и сите кои се вклучени во нивната заштита, пристап до податоци кои им се потребни за превенција на несреќите при работа и професионалните заболувања. CIS постојано ја следи светската литература за заштита при работа преку своите контаки со издавачите и 140 CIS центри на национално и регионално ниво. Извадоци и цитати од најкорисните публикации, како и друг вид на податоци се доставуваат до центрите по електронски пат и како печатени материјали.

Мрежата на CIS центри придонесува кон размента на информации помеѓу лицата задолжени за воспоставување и реализација на националните програми и регулативи за заштита при работа.

CIS е оформен во 1959 како заедничка иницијатива на МОТ, Меѓународната асоцијација за социјална заштита (ISSA), Европското здружение за јаглен и железо како и надлежните институции за заштита при работа од 11 Европски земји. Од скромните првичните 11 земји членки на CIS мрежата, денес мрежата е проширена во 100 земји низ целиот свет.


МЗЗПР – Македонски ILO/CIS колаборативен центар

Во 2008, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) стана првиот ILO/CIS колаборативен центар во Македонија. Иако да се биде домаќин на првиот ILO/CIS центар во земјата е чест и привилегија, истотака е и голема одговорност спрема ЗПР заедницата во Македонија.


Услуги на ILO/CIS центарот

ILO/CIS центарот при МЗЗПР како дел од глобалната мрежа на CIS центри, има две главни задачи:

  • Да ги собира, анализира и сумира сите информации за заштитата при работа во Македонија и истите да ги препраќа до седиштето на ILO/CIS
  • Да ги доставува сите добиени информации од ILO/CIS до сите заинтересирани страни за ЗПР во Македонија

Освен собирање и доставување на материјали по електронски пат, МЗЗПР состави и библиотека на МОТ изданија во своите канцеларии, која содржи разновидна литература од најважните аспекти на заштитата при работа. Со цел приближување на овие услуги до македонската јавност, МЗЗПР вложува напори за превод на најзначајните изданија на МОТ на македонски јазик. За своите членови, МЗЗПР редовно поставува публикации и информации од ILO/CIS на својата веб страница: www.mzzpr.org.mk


Контакт информации

За повеќе информации за Македонскиот ILO/CIS колаборативен центар, неговата функција и услугите кои ги нуди, слободно контактирајте ја канцеларијата на МЗЗПР:

  • Адреса: 29 Ноември, бр. 50, 1000 Скопје, Македонија
  • Поштанска адреса: П.Ф. 908, 1000 Скопје
  • Тел/факс: ++ 389 2 2774 868

email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
вебсајт: www.mzzpr.org.mk

Повеќе информации за ILO/CIS центрите низ светот како и информации за активностите на Меѓународната организација на трудот, можете да најдете на следниве веб страници::

www.ilo.org/public/english/protection/safework/cis/
www.ilo.org

МЗЗПР е единствена организација од Македонија која го доби статусот „ILO/CIS колаборативен центар“ и се вклучи во мрежата која поделува и разменува податоци кои се однесуваат на здравје и безбедност при работа.

 

МЗЗПР - Најава

МОТ - Новости - Проекти - Настани

ЗАПОЧНА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА ВО КИНА

Во Пекинг, Кина започна со работа тридневниот Меѓународен Форум за заштита при работа.

Организатори на настанот се Државната управа за заштита при работа во Владата на Кина и МОТ-Женева поддржани од Меѓународната асоцијација за социјална заштита и Управата за заштита при работа на Бејинг.

Форумот за отворен го прогласи потпредседателот на Владата на Кина, во присуство на високи претставници од страна на организаторите.

Представник од Македонија на меѓународниот форум е координаторот на ILO/CIS центарот во Македонија, Г-дин Љупчо Кочовски. Комплетните трошоци за патувањето и престојот во Кина беа покриени од страна на МОТ-Женева (SafeWork) како признание за успешната работа на ILO/CIS центарот во Македонија.

 
48-ми ГОДИШЕН СОСТАНОК НА ILO/CIS ЦЕНТРИ - ПЕКИНГ, КИНА

На 30-ти август 2010 година во Пекинг, Кина се одржа 48 годишен состанок на ILO/CIS центрите за информации.

Состанокот го поздрави Г-дин Асан Диоп, Директор на сектор за социјана заштита во МОТ-Женева.

Поздравни говори одржаа и Г-дин Сеиџи Мачида, Директор на SafeWork во МОТ – Женева како и Др. Ву Зонгзи,– Претседател на Кинеската Академија за Безбедност Наука и Технологија.

За претседавач на состанокот беше избрана Г-ѓа Барбара Шчепановска од Централен институт за заштита на трудот – Национален истражувачки институт.

Презентација на активностите во изминатиот период како и план за наредниот период имаа Г-дин Габор Санди и Г-ѓа Аник Вирот поддржани од страна на Г-ѓа Манал Ази.

Покрај редовните активности, од страна на Г-ѓа Ји Јонг Квон беше презентирана Сеулската Декларација донесена на последниот Светски конгрес за заштита при работа како и претставувањеод страна на Г-ѓа Хедие Озген Тимучин на Светскиот конгрес за заштита при работа кој ќе се одржи во Истанбул во септември 2011.

Представник од Македонија на годинешниот состанок беше координаторот на ILO/CIS центарот во Македонија, Г-дин Љупчо Кочовски. Комплетните трошоци за патувањето и престојот во Кина беа покриени од страна на МОТ-Женева (SafeWork) како признание за успешната работа на ILO/CIS центарот во Македонија.

 
МОТ БЕЗБЕДНА РАБОТА ИМА НОВ ДИРЕКТОР

Честитки до Сеији Мачида за неговото назначување за Директор на МОТ Безбедна Работа од 1 февруари 2010 година.

 
МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ул. 29 ноември бр.50, 1000 Скопје, Македонија
поштенска адреса: поштенски фах 908
tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

www.mzzpr.org.mk | kontakt@mzzpr.org.mk